Дома Актуелно Играјте маалски баскет со Перо Антиќ!

Играјте маалски баскет со Перо Антиќ!

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ќе добие признание за заслужен граѓанин од областа на спортот, признанието ќе му го додели Општина Центар.

По тој повод во среда ќе биде организаран настан „Маалски баскет со Перо Антиќ“, настанот ќе започне во 19:00 часот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Тука започнале многу успешни приказни, а една од нив сигурно е онаа на македонската легенда Перо Антиќ кој кариерата ја започна во Работнички, денес тој е признат спортист во целиот свет. Поради тоа Општина Центар му доделува признание за заслужен граѓанин од областа на спортот. Покрај тоа ќе организираме настан на кошот на Водно на кој Антиќ ќе игра и ќе им пренесува искуства на младите кошаркари“, соопштија од Општина Центар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…