Дома Фудбал Останато Играше за Манчестер Јунајтед, а денес е градежен работник

Играше за Манчестер Јунајтед, а денес е градежен работник

Често пати животот знае да испише неверојатни приказни, можеш да си на врвот, па за кратко да паднеш до дното. Ваква приказна го следи Ли Рош кој имал прилика да изгради голема кариера како фудбалер, но на крајот завршил како градежен работник.

Рош своевремно важеше за еден од најталентираните фудбалери во Манчестер Јунајтед, но кариерата ја заврши во 2008 година кога имаше 27 години.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Зад своето име денес 40 годишниот Рош има три настапи за сениорите на Манчестер Јунајтед. Под водство на Фергусон доби шанса од првата минута против Депортиво Ла Коруња во 2003 година. Депортиво Ла Коруња во тоа време беше клуб кој со Реал и Барселона се бореше за титулата.

Уште по еден настап Рош запиша во Лига Купот против Арсенал и во Премиер лигата против Њукасл.

Не успеа посериозно да се наметне кај Фергусон па беше позајмен во Врексам, а потоа продаден во Барнли. Во Барнли играше нешто почесто, но повторно не остави кој знае каков впечаток и во 2007 година се врати во Врексам каде што ја заврши кариерата во 2008.
Денес тој работи во градежна компанија која се занимава со изолација на ѕидови.

„Често пати некои колеги ме прашуваат за Манчестер Јунајтед и како успеав да стигнам до таму. Мене искрено ми е тешко да зборувам за тој период и затоа не сакам да се фалам дека сум играл за Јунајтед. Верувам дека младите играчи денес немаат некој псоебен план ако не успеат во намерата да стана професионални фудбалери. Мораат да тренираат многу напорно“, изјави Рош.

Во кариерата Рош имаше и неколку потешки повреди кои дополнително го спречија да се развива според очекуваното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за…