Дома Фудбал Италија Играше за Интер, но подоцна станал акохоличар: Залутав, тоа е мојата најголема грешка…

Играше за Интер, но подоцна станал акохоличар: Залутав, тоа е мојата најголема грешка…

Поранешниот фудбалер на Интер, 37-годишниот Фреди Гуарин кој се пензионираше во 2021 година во интервју за магазинот „Семана“ призна дека се бори со сериозен проблем со алкохолоѕ и се опоравува од него.

Гуарин играше одлично во дресот на Порто помеѓу 2008 и 2012 година, а го носеше дресот уште на Интер, Сент Етјен и Милионариос каде што ја заврши кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Проблемите за Гуарин започнале да бидат поголеми кога се повлекол од фудбалот.

„Кога се пензионирав не знаев што да правам. 20 години се посветив на фудбалот и тоа е она што знам да го правам. Не се подготвував за работа по завршувањето на кариерата. Останав беспомошен и направив одлуки кои се покажаа како погрешни“.

„Залтуав и моја одлука беше да посегнам по алкохолот. Направив премногу грешки и донесов избрзани одлуки, повредив многу блиски луѓе. Неколку години бев алкохоличар. Кога си заминав од Милионарис во 2021 година дојдов до степен до кој не можев да продолжам вака“.

Признава дека во еден момент го допрел дното…

„Алкохолот беше моја најголема грешка, меѓутоа никој друг освен мене не е виновен. Јас сум 100% алкохоличар и го признавам тоа. Зависник сум кој се опоравува и за мене тоа е одлична мотивација“.

Поради алкохолот му пропаднал бракот и останал без трите деца.

„Иако јас ги изгубив, тие никогаш не ме изгубија, беа таму и се молеа. Моите родители беа и ќе бидат тука за мене. Со моите деца сме во процес и се обидувам да ги вратам, засега се подалеку од мене“, призна Гуарин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По поразот од Барселона, Борусија доби и лоша вест: „Милионерите“ останаа без важен фудбалер три месеци!

Борусија Дортмунд пред два дена загуби од Барселона на свој терен со 3:2 во дербито од шес…