Дома Фудбал Италија Играше во римското дерби, а неговиот татко почина пред еден ден

Играше во римското дерби, а неговиот татко почина пред еден ден

Љубителите на фудбалот синоќа можеа да уживаат во фантастично градско дерби помеѓу Лацио и Рома.

Римските гиганти одиграа одлично дерби на „Олимпико“ кое заврши со победа на Лацио од 3:2.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После мечот во центарот на вниманието беше младиот Никола Залевски, кој влезе во игра при крајот на мечот.

Залевски имаше неколку одлични пробови и создаде шанси за Рома, но после завршувањето на мечот овој 19-годишен Полјак почна да плаче, а соиграчите го тешеа.

Имено, неговиот татко почина во петокот откако ја загуби тешката битка со ракот.

Младиот Залевски инсистирал да биде дел од тимот во римското дерби, а Мурињо му даде шанса да заигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал официјално се пофали со долгоочекуваниот трансфер

Арсенал објави официјално дека го има трансферирано Мартин Субименди од Реал Сосиедад. “То…