Дома Фудбал Играчот потврди: Победата на Барса од 12:0 е наместена!

Играчот потврди: Победата на Барса од 12:0 е наместена!

Елденсе е екипата која настапува во третата лига на Шпанија и за која од саботата по поразот 12:0 од Барселона Б, слушна целиот свет.

Поразот на екипата која нема шанси да избори опстанок во оваа конкуренција на шпанскиот фудбал, предизвика сомнеж кај претседателот на клубот кој ја алармира полицијата да го истражи целиот случај. Тој се посомневал дека натпреварот е наместен од фудбалерите на неговиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според него невозможно било Елденсе да прими 12 голови од Барселона Б, бидејќи тимот од Каталонија настапи без најдобрите играчи Марко Кукерла, Жорди Мбоула и Карлес Алена.

Поради тоа претседателот реши клубот да ги прекине сите спортски активности и да го раскине договорот со италијанските инвеститори.

Инаку сомнежите дека натпреварот е наместен ги потврди напаѓачот на Елденсе, Шеикх Саад. Тој изјави дека четворца негови соиграчи се обложиле на резултатот 0:12, или поточно : „0:8 на полувреме и 0:12 на крајот на натпреварот“.

„Сеуште не можам да ги откријам имињата на тие четворица, но ветувам дека тоа ќе го направам кога ќе можам“, истакна Саад во разговор за шпанските медиуми.

Дека натпреварот е наместен сугерираше токму Саад кој по мечот со објава на социјалните мрежи бараше од навивачите да им простат.

„Резултатот 0:12 не е реален вестината ќе излезе на виделина. Она што се случи е вистински срам и не знам како можат тие кои тоа го направија ќе можат да се појават пред останатите“.

Саад исто така изјави дека добивал закани за да не ја каже вистината, дека постојат и видео докази дека натпреварот е наместен, а дека оние кои се обложиле заработиле помеѓу 30 и 40 илјади евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…