Зад фудбалерот на Челзи Жоргињо е супер кариера, но на почетокот работите не му оделе како што треба.
Жоргињо во минатото бил блиску да се откаже од фудбалот и тоа поради човекот кој во тоа време бил негов агент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Агентот ме откри во Бразил после што се преселив во неговата школа и таму поминав две години. Поотоа на 15 години отидов на проба во Верона и поминав. Таму го запознав Рафаел, исто така млад фудбалер со кој станав добар пријател“.
„На Рафаел му кажав дека живеам со 20 евра неделно, а тој веднаш сфати дека нешто не е во ред. Подоцна откривме дека агентот ми ги крадел парите. Во тој момент сакав да се откажам од фудбалот, бев целосно разочаран. Во солзи ја повикав мајка ми и зборував дека повеќе не сакам да играм, но таа не ми дозволи да го направам тоа и ме убеди да продолжам“, изјави Жоргињо.