Дома Фудбал Англија Играчот на Манчестер Јунајтед останува лојален на клубот

Играчот на Манчестер Јунајтед останува лојален на клубот

Англиските медиуми пишуваат дека Лук Шо ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.

Овој млад дефанзивец за „Црвените ѓаволи“ настапува од 2013. година. Во почетокот имаше големи проблеми со повредата и формата, но оваа сезона Жозе Мурињо максимално му верува, па затоа и не е изненадување од преговорите за нов договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сегашниот договор на Шо му важи до крајот на сезоната, а управата на клубот, како што пренесуваат англиските медиуми, му понудила нов, со значително подобри услови и наводно двете страни се блиску до постигнување на договорот.

Шо оваа сезона одигра седум натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол со една аситенција. Пред Манчестер Јунајтед, потсетуваме, играше за Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стигна како големо засилување, а веќе е пред излезните врати: Алегри повеќе не смета на оваа ѕвезда

Требаше да биде еден од носителите на новиот Милан, но реалноста брзо се промени. Повредит…