Заминувањето на Луис Енрике од клупата на Барселона, кое официјално беше потврдено синоќа, ги забрза шпекулациите за негов наследник.
Потрагата за нов тренер на Барселона започна одамна, а се интензивираше пред две недели, после дебаклот на Каталонците во Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите лецитираат со неколку имиња, но секако во центарот на вниманието е Хорхе Сампаоли, кој оваа сезона прави „чуда“ со тимот на Севиља и стана легитимен кандидат за титулата.
„Стилот на игра на Сампаоли и одговара на Барселона, но неговата личност не баш“, смета угледниот шпански новинар Гилјем Балаг.
Претседателот на каталонскиот гигант, Хосеп Марија Бартомеу вели дека нема да брзаат за да се најде наследникот на Енрике.
„Играчите се разочарани од оваа одлука на Енрике. Сепак тие се мотивирани да продолжат да работат во исто темпо. НИе сме во потрага по нов тренер, но сигурно нема да го објавиме неговото име пред 1 јули. Мора да го поддржиме Луис до самиот крај“, истакна Бартомеу.
Покрај Сампаоли како сериозни кандидати за испразнетото столче се наведуваат: Унзуе, Покетино, Валверде, Блан и Јирген Клоп.