Дома Фудбал Играчите на Реал денес се појавија во маици со кои искажаа поддршка на Касиљас (ФОТО)

Играчите на Реал денес се појавија во маици со кои искажаа поддршка на Касиљас (ФОТО)

Реал Мадрид во овие моменти го игра својот натпревар против Виљареал.

Пред почетокот на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ се беше во знакот на Икер Касиљас, легендарниот голман на Реал Мадрид кој пред неколку дена доживеа срцев удар на тренингот на Порто.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Касиљас после немилиот настан добро се опоравува, а додека е во болница пристигнуваат пораки на поддршка од сите страни, а една такви доби од клубот каде што помина најголем дел од својата кариера.

Фудбалерите на Реал во денешниот натпревар против Виљареал излегоа со маици на кои пишуваше: „Икер сите сме со тебе“.

Освен фудбалерите поддршка за Касиљас стигна и од навивачите кои истакнаа транспарент со натпис.

„Мадридистите се со тебе. Биди силен Икер, вечен капитену“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …