Дома Македонски спорт Мак фудбал Ивановиќ со нетпрение чека да се пресмета со Вардар: Тимот од Скопје е навистина сериозен противник

Ивановиќ со нетпрение чека да се пресмета со Вардар: Тимот од Скопје е навистина сериозен противник

Фудбалерот на Зенит и неодамнешен член на Челси, Бранислав Ивановиќ истакна дека за него најинтересен меч во групната фаза ќе биде против нашиот Вардар.

Српскиот репрезентативец оцени дека групата Л во која е Зенит заедно со Вардар, Реал Сосиједад и Розенборг е тешка, но дека тимот од Санкт Петербург ќе направи се да обезбеди еврпска пролет.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Тешка група. Има навистина сериозни екипи, иако не изгледаат атрактивно. Ќе има добри дуелу со сите. Јас сум лично најзаинтересиран за дуелот до Вардар, клубот кој добро го познавам од екс-ју просторот и кој е навистина сериозен противник“, истакна 33-годишниот дефанзивец на Зенит.

Што се однесува до останатите две екипи, додаде Ивановиќ, секогаш е тешко да се игра против шпанска екипа, а Норвежаните традиционално многу обрнуваат внимание на европските натпреварувања.

„Во секој случај, не очекува интересна есен“, истакна Ивановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…