Дома Фудбал Италија Ибра со нова изјава во негов стил: Се уште не сум спремен да запалам цигара

Ибра со нова изјава во негов стил: Се уште не сум спремен да запалам цигара

Златан Ибрахимовиќ влезе во петтата деценија од животот, но се уште не размислува да стави крај на кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кариерата на Златан трае повеќе од две децении и засега не и се гледа крајот. Ибрахимовиќ по втор пат настапува за Милан и во овој клуб е еден од клучните играчи. Во кариерата Ибра дал многу изјави кои долго се паметат и ќе се паметат.

Сега можеби даде уште една таква.

„Со 40 години нормално е да одиш дома, запалиш цигара и да бидеш задоволен со кариерата која си ја имал. Јас се уште не сум спремен да испушам цигара“, изјави Златан.

Ибрахимовиќ во кариерата играше во Шпанија, Франција, Англија и Италија. Во најсилните европски првенства зад себе има повеќе од 300 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА под притисок: Им се закануваат со тужба пред СП

Непрофитната организација „Institute for Voices of Liberty“ закани се со тужба поради наво…