Дома Трансфер зона Ибра покажа класа – одби 15 милиони од Манчестер Јунајтед!

Ибра покажа класа – одби 15 милиони од Манчестер Јунајтед!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, одби да потпише нов едногодишен договор со клубот, вреден 15,3 милиони евра, бидејќи не сака да зема плата од клубот додека е повреден.

Менаџерот на клубот, Жозе Мурињо, инситира Ибрахимовиќ да остане во клубот, иако тој најмалку седум месеци ќе отсуствува од фудбалските терени поради повреда на коленото.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа Ибрахимовиќ смета дека не би било фер кон клубот да зема плата додека не игра.

Овој негов потег значи дека кога ќе се рехаблитира, според прогнозите на почетокот на наредната година, ќе бара нов клуб и дека, најверојатно, ќе се пресели во САД, во тимот на ЛА Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…