Дома Видео Ибра повторно погоди, ЛА Галакси на чекор до плеј-оф

Ибра повторно погоди, ЛА Галакси на чекор до плеј-оф

Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси синоќа во гости ја победија Минесота со 3:1, а во листата на стрелци повторно се запиша Златан Ибрахимовиќ.

До завршувањето на регуларниот дел на сезоната остана уште само едно коло и на Галакси му е потребна победа за настап во плеј-офот. Синоќа екипата од Лос Анџелес гостуваше кај Минесота каде полесно од очекувањата славеа со 3:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Главен на сцената повторно беше Ибра кој во 30. минута ги донесе гостите во предност со својот 22. погодок во сезоната. На почетокот од вториот дел Галакси само за минута даде два гола. Мрежата на Минесота прв ја затресе Камара, а на 3:0 зголеми Алесандрини.

Само две минути покасно Минесота успеа да го намали резултатот, а конечните 1:3 ги постави Родригез. Галакси е на седмата позиција со 48 бода, а пред нив е Реал Салт со бод повеќе. Но, Реал Салт веќе нема натпревари, па сега се чека како Галакси ќе одигра против Хјустон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Газда на фудбалски клуб од соседството си го одзеде животот (Видео)

Бугарскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Поморје, Христо Бургазлиев (57), си …