Дома Фудбал Англија Ибра има ЦЕЛ – Ќе успее ли да не изненади сите?

Ибра има ЦЕЛ – Ќе успее ли да не изненади сите?

Ова навистина не е реално, но тоа е Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот од редовите на Манчестер Јунајтед во април во својата 35 година ја доживеа најтешката можна повреда, ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и му се предвидуваше пауза до наредната пролет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Златан неодамна покажа огромен напредок и се шпекулираше дека може да се врати после Нова година, но денес се појави нова информација дека би можел да биде спремен уште во декември.

Наводно, целта на Ибра е да биде спремен за дербито против Арсенал кое се игра на пети декември, што сигурно би било најбрзото враќање на терените после таква повреда.

Тоа значи дека Жозе Мурињо ќе биде на „слатки“ маки во вториот дел од сезоната. Иначе на располагање Португалецот ќе го има Лукаку како план „А“ и Ибра како план „А2“ бидејќи кој би се осмелил Ибра да го нарече план „Б“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…