Златан Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина и наскоро ќе потпише со Милан, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Двете страни се во напредна фаза на преговори, а 38-годишниот Швеѓанец ја прифати понудата на „росонерите“ и наскоро се чека официјализација.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Претходно, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот ги продолжува преговорите со Ибрахимовиќ, кој имаше понуди од неколку европски клубови.
Ибра е слободен агент откако му заврши
договорот со ЛА Галакси и долго време се шпекулираше за неговата иднина, а на
крајот одлучи да се врати на „Сан Сиро“. Тој играше за Милан од 2010 до 2012
година и стана шампион на Италија.