Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Шест месеци играв без лигамент, никогаш не сум страдал толку

Ибрахимовиќ: Шест месеци играв без лигамент, никогаш не сум страдал толку

Златан Ибрахимовиќ вчера успешно ги оперираше лигаментите на коленото, па го очекува пауза од 7-8 месеци.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако има 40 години Иврахимовиќ не планира да стави крај на кариерата и сака да се врати на терените во јануари следната година.

Ибра сега откри дека цели 6 месеци играл без лигамент на коленото, само со цел да му помогне на Милан да стигне до Скудетото.

„Последниве шест месеци играв без вкрстен лигамент во коленото. Постојано ми беше потечено, а примив повеќе од 20 инјекции. Пиев апчиња против болки. Никогаш не сум страдал толку многу. Направив нешто невозможно. Во мојот ум имав само една цел, а тоа е да станеме шампиони на Италија. Сега имам нов лигамент и уште еден важен трофеј“, истакна Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …