Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ со фотографија на Инстаграм се прости од Јунајтед: Засекогаш црвен!

Ибрахимовиќ со фотографија на Инстаграм се прости од Јунајтед: Засекогаш црвен!

Денес и официјално беше потврдено дека Златан Ибрахимовиќ го раскинува договорот со Манчестер Јунајтед.

Швеѓанецот во Манчестер помина скоро две години, а негов нареден клуб најверојатно ќе биде американскиот тим од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За периодот во Манчестер Златан со „ѓаволите“ стигна до трофеј во Комјунити Шилд, Лигата на Европа и Лигата Купот.

По објавата на официјалниот Твитер профил на Манчестер Јунајтед, Ибра од „ѓаволите“ се прости преку својот Инстаграм.

„На добрите работи им доаѓа крајот, дојде време да продолжиме понатаму. Поминав две фантастични сезони со Манчестер Јунајтед. Му благодарам на клубот, навивачите и целиот персонал. Засекогаш црвен“, порача Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…