Италијанската јавност вчера беше изненадена откако Златан Ибрахимовиќ се јави во коментар на фотографија на познатата спортска новинарка Дилета Леота.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Атрактивната Дилета објави фотографија на Инстаграм и покажа дека се одмара на кровот на една зграда и ужива во зајдисонцето. Сите беа изненадени кога Ибра остави коментар.
„Што правиш таму горе Дилета? Немој премногу да се опуштиш“, искоментира Златан.
Но, денес на сите им стана јасно од каде е контактот помеѓу Дилета и Златан. Имено, тие снимиле заедничка реклама, а сега е објавен и краток дел од истата.
Diletta i Zlatan u istoj reklami pic.twitter.com/vbUiWdymAB
— SportTime (@SportTi43915378) July 8, 2020