Златан Ибрахимовиќ неодамна ја започна втората сезона во американската МЛС Лига, а сега добие еден неочекуван подарок од еден од најпознатите брендови во светот, ИКЕА.
Од ИКЕА преку нивниот официјален Твитер профил се огласија и му порачаа дека во нивниот ресторан за него има бесплатни ќофтиња во секое време до крајот на животот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ибрахимовиќ оваа реклама ја заслужи со тоа што во една емисија се пофали со намештајот во домот кој го купил од ИКЕА.
Тогаш водителот, Џими Кимел го „боцна“ Ибра:
„Богаташите не купуваат од ИКЕА“
Тогаш следуваше одговорот со кој Ибра ги воодушевил во ИКЕА и со кој си доби бесплатни ќофтиња.
„Така е, ама паметните луѓе купуваат од ИКЕА“, гласел одговорот од Ибра.
На овој начин свесно или несвесно, Ибра направи голема реклама на ИКЕА, а луѓето од овој бренд знаеа како да му се заблагодарат.
„Еј, Ибра. Слушнавме дека ја сакаш ИКЕА, па ќе ти овозможиме до крајот на живтот да јадеш ќофтиња. Сериозно, посети го ресторанот на ИКЕА пред натпревар или во било кое време, ќофтињата се од нас“, гласи постот на благодарност на Твитер профилот на ИКЕА.
Hej, @Ibra_official ! We hear you love IKEA, so we’re giving you free meatballs for life. Seriously, visit the #IKEABurbank restaurant before Saturday’s season opening match or anytime and the KÖTTBULLAR are on us!
— IKEA USA (@IKEAUSA) February 19, 2019
Името на Ибрахимовиќ овие денови често пати се споменува во медиумите, вчера интересна изјава за времето поминато заедно со шведскиот фудбалер имаше поранешната голема надеж на европскиот фудбал, Ван Дер Мејде (тука).