Дома Фудбал Останато Што се случува ако го бакнете Ибрахимовиќ во уста, а сте машко? – Добивате ќотек! (ВИДЕО)

Што се случува ако го бакнете Ибрахимовиќ во уста, а сте машко? – Добивате ќотек! (ВИДЕО)

ibrahimovic

Енди Ван Дер Мејде беше една од најголемите надежи на холандскиот фудбал на почетокот на 21-виот век, но поради проблемите со повредите и ноќниот живот никогаш не успеа да направи кариера каква што му се предвидуваше.

Беше дел од големата генерација на Ајакс во која играа Весли Снајдер, Рафаел Ван Дер Варт, Стивен Пиенар и Златан Ибрахимовиќ, со кој Ван Дер Мејде беше голем пријател. Овој фудбалер поради алкохолот си создаде големи проблеми, патеше и од депресија, а кога се извлече за својот живот напиша книга и гостуваше во бројни емисии.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во една таква минатата недела откри детал од играчките денови со Ибрахимовиќ.

„Седевме заедно во автобус додека игравме за Ајакс. Во еден момент кога спиеше, во мене се разбудија хомосексулани желби и го бакнав во уста. Погодуваше што следеше – добив неколку удари во главата“, изјави низ смеа Ван Дер Мејде.

Познавајќи го карактерот на Ибрахимовиќ вакво нешто воопшто не изненадува, повеќе изненадува тоа што Ван Дер Мејде одлучил да си поигрува со машкоста на еден од најголемите егоисти во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…