Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ се огласи за можниот крај на кариерата

Ибрахимовиќ се огласи за можниот крај на кариерата

Италијанските медиуми наголемо пишуваат дека славниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ ова лето ќе стави крај на кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Коронавирусот кој се појави во Европа и поради кој спортот е стопиран може да биде причина тоа да го направи и порано.

Можното одење во пензија го прокоментира и самиот Ибрахимовиќ. Ибра и самиот не знае што ќе се случува.

„Навистина не знам што ќе биде, секој ден се случува нешто ново. Коронавирусот никој не го очекуваше, меѓутоа мораме да бидеме трпеливи и да ги слушаме препораките. Дури кога оваа ситуација ќе заврши ќе видиме што ќе биде. Во овој момент не сум донел никаква одлука“, изјави шведскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…