Потенцијалното учество на Златан Ибрахимовиќ на претстојното Светско првенство е предмет на дебата веќе со месеци.
Иако после Европското првенство во Франција соопшти дека завршил со настапите за репрезентацијата, после преселбата во МЛС лигата и пласманот на Шведска на Мундијалот, Ибра изгледа се го променил мислењето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прашањето во врска со заминувањето во Русија го дочека Швеѓанецот во популарното шоу „Jimmy Kimmel Live“.
„Одам на Светското првенство. Повеќе од тоа не смеам да кажам, во спротивно ќе завршам на бесилка. Но, Светското првенство, без мене не е Светско првенство“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ дресот на Шведска го носеше од 2001 до 2016 година и постигна 62 гола на 116 настапи.