Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Разочарани сме, одлучи само една грешка

Ибрахимовиќ: Разочарани сме, одлучи само една грешка

Златан Ибрахимовиќ не го криеше разочарувањето после елиминацијата од Лига Европа.

Милан загуби со 1:0 на „Сан Сиро“ од Манчестер Јунајтед и беше елиминиран од осминафиналето од Лига Европа.

„Големо разочарување, бидејќи многу добро игравме во двата натпревари, направивме една грешка и примивме гол“, изјави Ибрахимовиќ.

„Требаше да ги искористиме нашите шанси. Не заслуживме да бидеме елиминирани, но ова е фудбал. Мораме да учиме од негативните моменти за да можеме да напредуваме. Одиме напред, оваа сезона не е готова. Имаме уште многу натпревари во Серија А“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал преговара со Ал-Хилал за Мартинели

Иднината на Габриел Мартинели во Арсенал станува сè понесигурна, откако клубот од Саудиска…