Дома Фудбал Останато Барселона била најлошиот период во кариерата на Ибрахимовиќ: Таму го изгубив идентитетот

Барселона била најлошиот период во кариерата на Ибрахимовиќ: Таму го изгубив идентитетот

Златан Ибрахимовиќ има 41 година, но и понатаму е активен на фудбалските терени и не планира да стави крај на кариерата во која играше во клубови во Холандија, Шпанија, Англија, Франција и Италија.

Во овој момент како играч на Милан се опоравува од повредата на коленото и неговиот кам-бек се очекува во 2023 година кога би можел да биде големо освежување во офанзивната линија на Милан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека се опоравува од повредата Ибрахимовиќ имаше и интервју на францускиот „Канал Плсу“ каде што истакна дека Барселона е најлошата епизода во неговата кариера.

„Најлошите спомени? Тоа беше Барселона, но не поради фудбалот. Таму премногу почнав да  размислував, се разочарав. Во Барселона го изгубив идентитетот, потоа повторно го пронајдов и тоа ми овозможи да го освојам светот“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…