Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Не сакам позајмици, јас можам да припаѓам на еден клуб

Ибрахимовиќ: Не сакам позајмици, јас можам да припаѓам на еден клуб

ibrahimovic

Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ на големо се поврзува со враќање во Милано, но Швеѓанецот сега ја отфрли можноста за позајмица.

Ибрахимовиќ ја заврши сезоната во МЛС со 22 гола на 27 натпревари, а покрај тоа имаше и 10 асистенции. Шведскиот напаѓач има договор и за наредната година, но не е сигурно дали ќе остане во САД.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Искусниот голгетер денес изјави дека не е заинтересиран за враќање во Европа на позајмица како што правеа поголем број играчи (Бекам, Донован, Роби Кин, Дефо…) кога МЛС сезоната е завршена.

„Ако сум во Галакси, тогаш сум фудбалер на Галакси. Не одам во странство да правам работи како позајмици или нешто слично. Тоа не ми треба. Ако припаѓам на еден клуб, тогаш останувам во тој клуб. Сконцентриран сум на тој клуб целосно му се посветувам, така да не размислувам за позајмица“, изјави Ибрахимовиќ.
Галкси не успеа да се пласира во плеј-офот откако во натпреварот против Хјустон испуштија два гола предност. Ибрахимовиќ потенцираше дека доколку остане би сакал наредната сезона да се бори за титулата.

„Ако се вратам, сакам да се борам за трофејот. Не сум тука на одмор, тука сум поради предизвик. Сакам да почуствувам дека имам шанса да бидам најдобар во МЛС – мојот тим, не јас, бидејќи јас веќе сум најдобар. На долги патеки не знам како ќе изгледа. Ова е ново за мене, тука сум шест или седум месеци“, истакна 37 годишниот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…