Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Немам личен проблем со Лукаку, тоа што се случи останува на теренот

Ибрахимовиќ: Немам личен проблем со Лукаку, тоа што се случи останува на теренот

Златан Ибрахимовиќ стави точка на расправијата со Ромелу Лукаку и дури му испрати покана да дојде на Сан Ремо.

Ибрахимовиќ оваа недела ќе биде специјален гостин на италијанскиот фестивал Сан Ремо, а денес даде интервју за италијанските медиуми.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Немам личен проблем со Лукаку, тоа што се случи останува на теренот. На терен се случуваат такви работи кога сме со жешки глави, но се останува таму. Добредојден е да дојде на Сан Ремо“, изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ за неговиот повик за Санремо: „Кога Амадеус ми се јави, веднаш реков да. Што ме чека? Амадеус ми рече да не се грижам и да бидам смирен, морам да бидам себе си”.

„Контроверзии со Леброн? Расизмот и политиката се две различни работи. Ние спортистите го обединуваме светот, политиката го дели светот“, заклучи Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …