Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: На полувреме си кажавме дека првите 15 минути ќе бидат клучни

Ибрахимовиќ: На полувреме си кажавме дека првите 15 минути ќе бидат клучни

Фудбалерите на Интер на свој терен во одличен натпревар славеа во градското дерби против Милан со 4:2 во рамките од 23. коло во италијанската Серија А.

Интер со победата го искористи киксот на Јувентус кој изгуби од Верона и сега повторно е лидер на табелата поради подобрата гол разлика. Милан играше одлично во првото полувреме и со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ имаше водство од 0:2. Сепак Интер во второто полувреме постигна четири гола и ги сврте работите во својата корист.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот Златан Ибрахимовиќ не беше многу расположен за зборување.

„Чудно е бидејќи во првото полувреме игравме одлично. Очекував повеќе од Интер, во првото полувреме тие не изгледаа како тим кој е втор на табелата. На полувремето си кажавме дека првите 15 минути се клучни и дека мораме да одиграме одлично во тој период. Тоа не го направивме бидејќи примивме два гола. Престанавме да играме, да вршиме пресинг и едноставно не верувавме. После првиот гол се се сруши“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…