Златан Ибрахимовиќ верува дека се уште е доволно добар да игра во Премиер лигата и испрати порака до управата на Манчестер Јунајтед.
Имено, тој порача дека ако Јунајтед смета дека им е потребен знаат каде треба да го побараат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секако дека можам да играм во Премиер лигата, ако сум потребен на Јунајтед, тука сум. Во овој момент сум играч на Галакси и жал ми е за навивачите на Манчестер“, низ смера порача Ибрахимовиќ.
Ибра постигна 22 гола во исто толку настапи оваа сезона и само на последните три натпревари постигна шест погодоци. Иако има 37 години Златан ја врати одличната форма и од него може да очекуваме уште голови.