Златан Ибрахимовиќ и на 41 година доби повик во репрезернтацијата на Шведска.
Неодамна Швеѓанецот се врати на терените во дресот на Милан по паузата од скоро 10 месеци поради повреда. Ибрахимовиќ заигра на три натпревари и одигра вкупно 68 минути, а тоа беше доволно селекторот Јане Андерсон да го повика за натпреварите кои следат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Златан веќе има три мали настапи за Милан и се чувствува дека е во форма, иако подолго време беше надвор од теренот. Мислам дека се уште има квалитет да донесе неѓшто плус во нашата репрезентација, како на теренот, така и надвор него“, изјави Андерсон при објавувањето на списокот.
Ибрахимовиќ во кариерата има 121 настап за шведската репрезентација и се наоѓа на шестото место, но е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата со 62 постигнати голови. Шведска на 24-ти март ќе игра со Белгија, а три дена подоцна со Азербејџан.
Här är herrlandslagets trupp till de två första EM-kvalmatcherna 🙌
— Svensk Fotboll (@svenskfotboll) March 15, 2023
🇸🇪-🇧🇪 | 24 mars på Friends Arena
🇸🇪-🇦🇿 | 27 mars på Friends Arena
🎫 Matchen mot Belgien är för tillfället slutsåld – men se till att säkra plats mot Azerbajdzjan den 27 mars!