Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ има совет за Јунајтед: Градете ја иднината околу нив двајца

Ибрахимовиќ има совет за Јунајтед: Градете ја иднината околу нив двајца

Златан Ибрахимовиќ верува дека Манчестер Јунајтед иднината мора да ја гради околу двајца играчи.

Легендарниот напаѓач кој денес го носи дресот на ЛА Галакси во текот на својата богата кариера играше за многу европски гиганти, па така и за Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој за англиските медиуми даде интервју во кое зборуваше дека луѓето од „Олд Трафорд“ мораат да направат се што е во нивна моќ за да ги задржат во тимот Пол Погба и Маркус Рашфорд. Според Швеѓанецот токму овие двајца треба да се носителите на играта на Манчестер Јунајтед во иднина.

„Мислам дека Пол Погба има потенцијал да биде најдобар играч во светот на неговата позиција. Тој е добро момче, многу тренира, слуша и сака да стане што е можно подобар. Верувам дека во секој натпревар сака да биде подобар од претходниот. Приказните кои се појавуваат во јавноста не му пречат бидејќи знае дека кога сте на такво ниво за вас секогаш ќе се пишува, некогаш позитивно, некогаш негативно“, изјави Ибрахимовиќ, па продолжи да зборува за Рашфорд.

„Рашфорд е иднината на Манчестер Јунајтед. На почетокот го гледав како некој кој најмногу сака да игра за себе, сега повеќе игра за тимот. Неговиот квалитет го користи за целиот тим, не само за себе. Тој има голем потенцијал и голема иднина со Манчестер Јунајтед. Посебно е важно што доаѓа од академијата на клубот“, смета Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…