Дома Топ вести Ибрахимовиќ е човечиште: Лудиот трансфер е реален и тоа само поради една причина!

Ибрахимовиќ е човечиште: Лудиот трансфер е реален и тоа само поради една причина!

Се зголемуваат шансите Ибрахимовиќ да се врати во Серија А.

Познато е дека Златан Ибрахимовиќ ова зимо ќе биде еден од најбараните играчи. На Швеѓанецот му истекува договорот со ЛА Галакси и ќе биде слободен во изборот на новата средина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега се погласно се најавува негово враќање во Италија каде што претходно настапуваше за Јувентус, Милан и Интер. Меѓутоа сега Ибра не е пред трансфер во некој од овие гиганти, Ибра сака да премине во Болоња и тоа само поради Синиша Михајловиќ.

За ова се пишуваше и претходно, но сега не станува збор за шпекулација, туку за потврда од спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини.

„Ибрахимовиќ сака да премине кај нас поради односот со Синиша. Не е невозможно. Може да се изведе, но ако се случи тоа ќе биде само поради нивниот однос. Ибра сака да помогне на својот пријател Михајловиќ. Се што можам да ви кажам е дека ќе направам се оваа лудост да стане реалност“, изјави Сабатини.

Ќе потсетиме, тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ се бори со леукемијата и во третата фаза од хемотерапијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…