Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ е МВП за месец октомври во Серија А!

Ибрахимовиќ е МВП за месец октомври во Серија А!

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е прогласен за најдобар фудбалер на месецот во Серија А.

Швеѓанецот има 39 години, но тоа не го спречува да биде најдобар стрелец на Серија А со седум постигнати голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ветеранот мораше да го победи и коронавирусот, па се врати на половината на октомври, а тоа му беше повеќе од доволно за да ја освои наградата за најдобар играч за Серија А во месец октомври.

Ветеранот имаше одлични партии во месец октомври и против Интер, Рома и Удинезе постигна пет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …