Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ во жестоката расправија со Бредли беше спремен и физички да се пресмета (видео)

Ибрахимовиќ во жестоката расправија со Бредли беше спремен и физички да се пресмета (видео)

ibrahimovic

Фудбалерите на Торонто вчера славеа со 5:3 на свој терен во натпреварот против тимот на Златан Ибрахимовиќ, ЛА Галакси.

На оваа средба Ибрахимовиќ на мајсторски начин стигна до својот 500-ти го лво кариерата (тука), а во текот на натпреварот имаше и жестока расправија со фудбалерот на домаќините, Мајкл Бредли.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бредли го налути Ибрахимовиќ со тоа што од главниот судија на натпреварот бараше да му покаже жолт картон на еден негов соиграч. Според видеото Ибра имаше многу што да му покаже и сигурно дека не бирал зборови, а според тоа како изгледаше можеби беше спремен и физички да се пресмета.

После натпреварот Ибрахимовиќ испрати брутална провокација до Бредли со изјавата во која порача дека тој има постигнато повеќе голови отколку што Бредли има одиграно натпревари (тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големото засилување на Јувентус има скршеница на реброто

Најголемото засилување на Јувентус ова лето, Теун Копмајнерс, има скршеница на реброто од …