Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ако се занимавав со политика, ќе бев претседател

Ибрахимовиќ: Ако се занимавав со политика, ќе бев претседател

Искусниот шведски напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ е еден од оние спортисти кои вниманието го привлекуваат и со изјавите во медиумите.

Сега Швеѓанецот зборуваше за проблемите со расизмот во спортот. Кога постигна гол против Рома навивачите му испраќаа провокации, а тој бараше да продолжат. Во тие моменти од трибините можеше да се слушне „циган, циган“…


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Леброн е еден од најголемите борци во спортот против расизмот, па Ибра доби прашање за него.

„Не го познавам Леброн лично. И не го осудувам. Без оглед што чувствува кон расизмот, во право е. Кога 50.000 луѓе ве викаат „циган“ тоа е исто и тоа е расизам“.

Сепак во свој стил уште еднаш подвлече дека не се занимава со политика.

„Но, јас не се занимавам со политика. Јас сум спортист, сакам да ширите љубов. Ако бев во политиката ќе бев претседател“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…