Едисон Кавани сепак може да остане на Олд Трафорд.
Кавани пристигна во Манчестер Јунајтед како слободен играч, а договорот му е со важност до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Јунајтед се задоволни од неговите игри, а тоа го потврди и тренерот Солскјер.
„Можам само да кажам дека направи многу за нас, импресиониран сум од него и добро се вклопи во екипата.“ – рече Солскјер.
Овој 34-годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната во 24 натпревар постигна седум погодоци.
„Ќе седнеме и ќе разговараме со него наскоро. Нормално, сакаме да ги слушнеме и неговите планови.“- додадек тренерот на Јунајтед.