Вистинска еуфорија владее во Србија откако Ц.Звезда се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите.
Денес српскиот клуб ги пушти во продажба влезниците за натпреварите против Наполи, Ливерпул и Пари Сен Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црврна Звезда за прв пат во својата историја ќе игра во ваквиот формат на Лигата на шампионите и поради тоа како што кажавме во нашата соседна земја владее голема еуфорија.
Колкава е еуфоријата можеби најдобро покажаува пораката која се појави на благајната од местото каде што навивачите можат да ги купуваат картите.
На благајната стоеше залепен лист со порака:
„За купените карти од пред балгајната не ме прашувајте дали се исправни“.
Кога од местото се решиле на ваква порака, јасно е дека имало голем број навивачи кои се сомневале во исправноста на картите, а зошто било тоа така засега нема информации.