Дома Фудбал Останато Зошто Перез повеќе не може да купи „Галактико“?

Зошто Перез повеќе не може да купи „Галактико“?

Судбината на Челзи сега е многу неизвесна, не е само поразот во финалето во Лига Купот од Манчестер Сити, туку една поголема грижа.

Одлуката на УЕФА, „Сините“ нема да можат да купуваат играчи до летото 2020. година поради нерегуларности околу некои претходни трансфери. Сега ќе мораат да се потпрат на она што го имаат во своите редови, а највредна е големата желба на Реал – Еден Азар. Мадриѓаните така повторно би можеле да останат без звучно засилување за голема жалост на Перез за кого ова не бил единствениот „неуспех“.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Прва голема желба беше Нејмар, Бразилецот не е среќен во ПСЖ откако што првата сезона и сакаше да си оди, но Французите го одбија „Кралскиот клуб“ кој не им помогна ни фактот дека во францускиот фудбал не е пракса да се ставаат фиксни откупни клаузули.

Следуваше Мундијалот во Русија, каде што блесна неговиот соиграч Килијан Мбапе. Навистина, Реал го сакаше уште пред две години кога си заминуваше од Монако, Шпанците дури постигнаа и договор со клубот, но Мбапе сепак се одлучи за Париз. Некои извори велат дека Французинот наводно барал плата од 12 милиони евра по порезот што би го направиле втор најплатен играч на Реал по Роналдо.

Уште една мака за Перез (беше) е Кристиан Ериксен. Данецот беше именуван како идеален населдник за Лука Модриќ кој полека влегува во доцните играчки години, но Реал го одби тоа што за преговарање ќе мора да седне со Даниел Леви кој знае како да го извлече и последниот цент од касата на шампионот на Европа. Перез го сака Ериксен во пакет со Покетино, но наскоро се откажа од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мареска: Не сме во трка за титулата

Фудбалерите на Челзи сезонава играат подобро од претходните, а двигател на се е новиот тре…