Дома Фудбал Англија Зошто овој навивач носеше дрес од Јунајтед на кој пишуваше „Агуеро“?

Зошто овој навивач носеше дрес од Јунајтед на кој пишуваше „Агуеро“?

Манчестер Сити е шампион на Англија бидејќи во последното коло славеше против Брајтон со 4:1 и така ја задржа предноста во однос на Ливерпул.

Драмата и лудата сезона во Премиер лигата му припадна на Сити, додека едно од главните разочарувања во сезоната е Манчестер Јунајтед кој не успеа да се избори ниту за место во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во неделата Јунајтед во последниот натпревар од сезоната на „Олд Трафорд“ беше поразен со 2:0 и со тоа продолжи агонијата на „црвените ѓаволи“, а еден навивач на трибините беше „кец на десетка“.

Тој носеше црвен дрес, а на неговиот грб пишуваше „Агуеро“.

Но, тоа не било обид да се исмејува Јунајтед или да се слави титулата на Сити, навивачот едноставно се вика Леонардо Агуеро и го испечатил сопственото име на дресот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…