Дома Фудбал Англија Зошто натпреварите од последното коло во Премиер лигата се поважни отколку што мислите?

Зошто натпреварите од последното коло во Премиер лигата се поважни отколку што мислите?

premier

Иако скоро се е одлучено, тимовите имаат за што да се борат.

Последното коло во англиската Премиер лига нема да донесе премногу возбудувања кога е борбатата за титулата и опстанокот во прашање, но клубовите и тоа како имаат за што да се борат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубовите од Премиер лигата на крајот од сезоната ќе поделат бонус од 420 милиони фунти, а сумите кои ќе ги заработат клубовите ќе зависат од конечниот пласман на табелата.

Според тоа, шампионот Манчестер Сити ќе заработи 40 милиони фунти, Манчестер Јунајтед ќе добие 38 милиони фунти, а секој нареден тим на табелата ќе добие два милиони фунти помалку.

Сигурни позиции на табелата имаат уште Арсенал кој како шести ќе инкасира 30 милиони фунти и седмопласираниот Барнли ќе добие 28 милиони фунти. Остатокот од лигата ќе се бори за поголема парична награда, а голем број клубови во последното коло можат да заработат некој милион повеќе.

Тоа сосема сигурно ќе биде доволен императив што подобро да се одигра последниот натпревар, а од поважните промени на табелата преостана само да дознае патникот во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул или Челзи.

„Црвените“ на „Енфилд’ во последното колу му гостуваат на Брајтон кој во овој момент се наоѓа на 14-та позиција , додека Челзи игра против Њуксал на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…