Дома Фудбал Ждреб за плеј-офот во ЛШ: Мурињо повторно против Реал!

Ждреб за плеј-офот во ЛШ: Мурињо повторно против Реал!

Во швајцарскиот град Нион денеска се одржа жрепката за плеј-оф фазата на Лига на шампиони, каде што екипите ќе се борат за влез во осмина финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за клубови кои ја завршија групната фаза на Лига на шампиони и се пласираа од 9-то до 24-то место, а сега ќе се натпреваруваат за да се најдат меѓу 16-те најдобри екипи на Стариот континент.

Европската фудбалска федерација ги постави Реал Мадрид, Интер, Пари Сен Жермен, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта и Леверкузен како носители во жрепката, додека во вториот шешир се наоѓаат: Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабах, Бодо/Глимт и Бенфика.

Парови плеј-оф изгледаат вака:

Бенфика – Реал Мадрид

Бодо/Глимт – Интер

Монако – Пари Сен Жермен

Карабах – Њукасл

Галатасарај – Јувентус

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид

Борусија Дортмунд – Аталанта

Олимпијакос – Леверкузен

Така, Бенфик ќе се соочи повторно со славниот Реал Мадрид, кој го победија оваа седмица со 4:2 и му ја ускратија директната влез во осмина финалето.

Натпреварите од плеј-офот се закажани на 19 и 26 февруари.

Да потсетиме, директно во осмина финалето се пласираа Арсенал, Бајерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер Сити.

Жрепката за осмина финалето ќе се одржи на 27 февруари во Нион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн го напушта Баерн и се приклучува на еден од најсилните клубови во светот!

Според пишувањата на Ел Насионал, Хари Кејн многу лесно ова лето може да го напушти минхен…