
Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Искусниот чувар на мрежата така се враќа во клубот каде што помина најголем дел од кариерата, бидејќи беше член на Хераклес од 2006 до 2014 година и забележа 150 настапи во сите натпреварувања.
Пасвер има веќе 43 години, но не размислува за пензија. Со Хераклес потпиша договор до крајот на тековната сезона.
На тој начин ја напушта Ајакс по точно 100 одиграни натпревари и освоена титула во Ередивизија 2022. Оваа сезона беше во втор план во Амстердам, каде што ја чуваше мрежата на само четири лигашки натпревари.