Дома Фудбал Интер носи засилување од 40.000.000 евра во последен момент!

Интер носи засилување од 40.000.000 евра во последен момент!

Според италијанските медиуми, Интер е подготвен да потроши 40 милиони евра кон крајот на трансферниот период.

Џузепе Марота е упорен, и изгледа дека ќе му се исплати. Нов играч на „нероазурите“ ќе стане Адемола Лукман, кој веќе неколку трансферни периоди е поврзуван со Интер, но никако да дојде до трансфер.

Сега ситуацијата е поинаква, Нигериецот не е во најдобри односи со управата на Аталанта, па клубот од Бергамо би ја прифатил оваа понуда со задоволство.

Лукман оваа сезона на 19 натпревари постигна само три гола.

Пред Аталанта, настапувал за Лајпциг, Лестер, Фулам, Евертон и Чарлтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…