Дома Фудбал Зошто навивачите не можат да купат дрес на Мбапе?

Зошто навивачите не можат да купат дрес на Мбапе?

Долгоочекуваното засилување Килијан Мбапе конечно потпиша за Реал Мадрид, но навивачите се уште не можат да го купат неговиот дрес.

„Кралевите“ го претставија новиот домашен дрес, тој на официјалната страна се продава за 100 евра, а оние кои сакаат автентична верзија  ќе треба да одвојат околу 150 евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите беа разочарани откако им соопштија дека дресот на Мбапе нема да биде достапен до крајот на јуни, а причина за тоа е актуелниот договор на Французинот кој трае до 30 јуни.

Навивачите ќе мора да почекаат уште 23 дена пред да го купат дресот на Мбапе, а нема сомнеж дека ќе биде најпродаван.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Манчестер Сити го освои Карабао купот, откако убедливо победи со 2:0 во финалето против Ар…