Како што е веќе познато француската Лига 1 поради пандемијата со коронавирусот се прекина.
Набрзо по прекинувањето одлучено беше титулата да се даде на првопласираниот ПСЖ, а според ситуацијата на табелата одредени се и патниците во понизок ранг, но и тимовите кои наредната сезона ќе играат во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нешто по комплицирано беше околу индивидуалните признанија, а тоа пред се се однесува на наградата за најдобар стрелец во Лига 1.
Таа на крајот отиде во рацете на Килијан Мбапе.
Килијан Мбапе до француската Златна копачка стигна со 18 голови. Меѓутоа ист број на голови имаше и Бен Једер од Монако, па се очекуваше двајцата да ја поделат наградата.
На крајот тоа не се случи бидејќи во Лига 1 сакаа да имаат само еден победник.
На социјалните мрежи следуваа коментари и прашања зошто Мбапе е победник, сега го имаме и одговорот. Прво се претпоставуваше дека наградата отишла во негови раце затоа што до тие 18 голови стигнал на помалку натпревари.
Меѓутоа сега се појави информација дека напаѓачот на ПСЖ ја освоил оваа наградата што Мбапе имал постигнато повеќе голови од игра.
Kylian Mbappe has been declared Ligue 1's top scorer despite finishing with the same number of goals as Wissam Ben Yedder.
— ESPN FC (@ESPNFC) May 8, 2020
The decision was made because all of Mbappe's goals were from open play, whereas Ben Yedder scored three penalties. pic.twitter.com/6IdgJYrkBn