Дома Фудбал Зошто Марсело лаже дека Бејл не зборува шпански? (ВИДЕО)

Зошто Марсело лаже дека Бејл не зборува шпански? (ВИДЕО)

Денес во шпанските медиуми во центарот на вниманието се најде изјавата на фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело.

Марсело во изјвата во која откри дека му недостасуваат Кристиано Роналдо и голманот Кико Касиља кажа и дека Герет Бејл иако е шест години во Шпанија не знае шпански.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според зборовите на Бразилецот, Бејл знаел само три збора.

„Со Роналдо заедно бевме девет години и имавме супер однос, добро го познавам неговото семејство и неговата партнерка. Секако дека не ми е исто без него. Истото важи и за голманот Кико Касиља. Неговото место во соблекувалната беше до мене и тој беше првиот со кој се поздравував секое утро. На другата страна до мене седи Бејл, меѓутоа тој не разбира шпански. Знае само англиски. Со него комуницираме со гестикулации. Герет на шпански знае да каже само, здраво и добро вино“, гласеше изјавата на Марсело.

Меѓутоа очилгедно не е така и Марсело поради некоја причина излажа.

Имено, веднаш по оваа изјава на долгогодишниот играч на „кралевите“ актуелно стана видеото во кое Бејл дава интервју за медиумите на шпански јазик.

Сега, зошто Марсело излезе со такво тврдење или пак сето тоа била само обична шега не е јасно. Веројатно набрзо ќе добиеме одговор преку шпанските медиуми од едната или другата страна (Бејл или Марсело).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…