Белгискиот репрезентативец Мичу Батшуаи игра како препороден откако го напушти Челзи и се пресели во Борусија Дортмунд.
Во јануарскиот преоден рок во Челзи се одлучија дека за остатокот од сезоната потребен им е поискусен напаѓач, па се откажаа од Батшуаи. Белгиецот се пресели во Борусија Дортмунд каде на два меча постигна три гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Батшуаи покажа дека е одличен напаѓач и дека Конте погреши што не му даде простор во Челзи. Меѓутоа, белгискиот нашаѓач ќе се врати на „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната, бидејќи Дортмунд нема да може да го откупи неговиот договор.
„Се обидовме на сите начини кога преговаравме во договорот да ставиме опција за откуп на крајот на сезоната. Челзи едноставно не сакаше, а кога Абрамович ќе каже НЕ, тогаш тоа е навистина НЕ, без оглед колку ќе се обидувате“, изјави директорот на Дортмунд, Јоаким Вацке.