Голманот на Црвените ѓаволи Давид Де Геа имаше турбулентен финиш на сезоната во Јунајтед, а истиот го чинеше статус прв голман во шпанската репрезентација, барем за сега.
На негово место на синоќешниот натпревар против Шведска на голот на Шпанија застана Кепа Аризабалага.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помошниот тренер во стручниот штаб на Шпанија, Роберто Морено истакна дека моментално Кепа е прв избор поради едноставна причина – подобриот финиш на сезоната и подобрите резултати на голот на Челси.
Инаку, Кепа против Шведска го запиша својот трет натпревар по ред како стартер за Црвената фурија.
„Не мислиме дека времето на Де Геа во Шпанија е завршено. Но, Кепа имаше неверојатен крај на сезоната, ја освои Лига Европа со неколку одлични настапи. Во овој конкретен момент мислиме дека Кепа може да ни помогне на подобар начин.“ – изјави Морено.