Дома Фудбал Англија Знаете ли кој фудбалер постигнал најмногу погодоци со глава во Премиер лигата?

Знаете ли кој фудбалер постигнал најмногу погодоци со глава во Премиер лигата?

Англичаните водат статистика за многу работи, па така и за тоа кој фудбалер постигнал најмногу погодоци со глава, а одговорот можеби е и очекуван.

Погодувате, Питер Крауч! Напаѓачот кој во овој момент настапува за Стоук Сити и е висок 201 сантиметар во Премиер лигата постигнал 51 погодок со удар со глава.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поранешниот ас на Ливерпул, Тотенхем, Саутемптон и многу други екипи до овој момент постигнал 105 погодоци во финансиски најсилната фудбалска лига во светот, од нив дури 51 ги постигнал со глава.

„Ви благодарам што ме вклучивте во Гинисовата книга на рекорди! Сега ова ќе го прославам со уште еден Гинис“, се пошегува 36 годишниот Англичанец.

Претходно рекордот го држеше Алан Ширер кој 46 пати ја погодил противничката мрежа на овој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакуларен гол на стартот од сезоната: Погоди од половина терен (Видео)

Олимпија доживеа пораз од Копер со 1:3 на домашен терен во петтото коло од Првата словенск…