Лионел Меси комплетната кариера ја помиан во Барселона и се повеќе станува јасно дека таму и ќе ја заврши.
Уште како дете Меси стигна во „Ла Масија“ и во Барса од него направија фудбалер кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите на сите времиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа се можело да биде поинаку доколку аргентинскиот гигант Ривер Плата го прифател момчето кои покажувало голем квалитет на тренингот на младинците.
Меси пристигнал во клубот постигнал 12 голови во пробниот период, но во Ривер го означиле за непотребен. Откри тогашниот тренер на младинците на аргентинскиот гигант, Едуардо Абрахамиан.
„Ме импресионираше уште на првиот тренинг. Беше низок, но за нас тоа не беше проблем бидејќи баравме некој кој е технички квалитетен. Постигна 12 голови, три или четири беа во Буенос Аирес, а јас лично го повикав директорот на клубот за да му кажам каков играч имаме. Го сакав во клубот, но тие не сакаа да обезбедат сместување за него и неговото семејство. Им зборував дека не смееме да испуштиме таков играч, ми одговорија дека веќе имаме многу играчи со слични квалитети, па Лео се врати дома“, откри тренерот на младиот тим на Ривер.
Подоцна го облече дресот на Барселона и се останато е историја…