Дома Фудбал Останато Златна топка: Може ли некој да ја прекине доминацијата на Роналдо и Меси?

Златна топка: Може ли некој да ја прекине доминацијата на Роналдо и Меси?

Кристиано Роналдо освојувачот на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 2017 е главен фаворит за освојување на оваа престижна награда и во 2018 година.

Иако до крајот на годината има уште повеќе од седум месеци, големите англиски обложувалници веќе нудат можности за обложување на тоа кој ќе биде најдобар играч за 2018 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголем фаворит е Кристиано Роналдо, игра одлично и во овој момент коефициентот дека повторно ќе стигне до оваа награда изнесува 2.

Очекувано, на второто место е Лионел Меси. За Аргентинецот се нуди коефициент од 3.25, а за разлика од минатата година кога во врвот беше Нејмар, сега трет кандидат е офанзивецот на Ливерпул Мохамед Салах.

Фантастичниот Египќанец се вмеша во борбата со Роналдо и Меси, а обложувалниците му доделија коефициент 7.

Зад првата тројка следат Кевин Де Брујн и Нејмар со коефициент 11, а потоа Антоан Гризман, Хари Кејн и Луис Суарез со коефициент од дури 34.

Секако, освојувачот на Златна топка за 2018 година ќе го одлучат многу фактори. Трофеите, настапот на Светското првенство во Русија (од голема важност), но прашање е дали може некој да ја загрози доминацијата на Роналдо и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…